logo
logo
logo

УНГАРИЈА СТАВИ ВЕТО на ставот на ЕУ за АПСЕЊЕТО НА ПУТИН

Vecer | 20.03.2023

УНГАРИЈА СТАВИ ВЕТО на ставот на ЕУ за АПСЕЊЕТО НА ПУТИН

Пред три дена Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин. Судот го смета рускиот претседател директно и лично одговорен за злосторствата извршени од руските сили или групи поврзани со нив во Украина.

Невообичаено, Европската унија не се надоврза на ова со ниту една официјална изјава или позиција, при што само високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, издаде изјава под свое име во која рече дека „забележува позитивен став “ од акцијата на МКС.

Според извори на Блумберг, тоа е затоа што на заедничката изјава на земјите-членки на ЕУ било ставено вето од унгарската влада.

Министрите за правда на ЕУ дадоа заедничка изјава во која велат дека ја поддржуваат одлуката, но Унгарија не ја потпиша. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше по објавувањето на циркуларот, велејќи дека тоа е „безобразно и неприфатливо“, но нема правна важност за Русија.

Во понеделникот, портпаролот рече дека одлуката изразува „јасно непријателство“ кон Русија и лично Путин. Како смешен одговор на налогот за апсење на МКС, Москва покрена кривична постапка против обвинителот и судиите на МКС кои објавија потерница против Путин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk