logo
logo
logo

Унгарија НЕМА ДА ГО АПСИ ПУТИН: Апсење води кон ескалација, а не мир

Vecer | 23.03.2023

Унгарија НЕМА ДА ГО АПСИ ПУТИН: Апсење води кон ескалација, а не мир

Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку сака да влезе во земјата, изјави денеска Гергељ Гуљаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Гуљаш додаде дека апсењето нема да има правна основа.

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гуљас на брифингот рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем, пренесува Ројтерс.

„Мораме да се повикаме на унгарскиот закон, врз основа на кој не можеме да го уапсиме рускиот претседател, исто како што не беше објавен статутот на Меѓународниот кривичен суд во Унгарија“, рече Гуљаш.

Тој додаде дека унгарската влада и неговата влада „не формирале став“ во врска со налогот за апсење на Путин. „Овие одлуки не се баш најсреќни работи, бидејќи водат кон натамошна ескалација на конфликтот, а не кон мир... Ова е мое лично, субјективно мислење“, рече Гуљаш.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд. Како што потсетува британската агенција, судот во Хаг во петокот издаде налог за апсење на рускиот претседател за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk