logo
logo
logo

Унгарците наместо Русите ДА И ПЛАТАТ НА УКРАИНА

Vecer | 10.08.2022

Унгарците наместо Русите ДА И ПЛАТАТ НА УКРАИНА

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ потврди дека испораките на руска нафта преку јужниот крак на гасоводот Дружба престанале пред неколку дена.

Унгарската компанија објави дека започнала преговори за преземање на обврската за плаќање на транзитната такса во Украина во име на Транснефт.

„Танснефт“ во понеделникот објави дека украинскиот државен оператор „Укртранснафта“ престанал да испумпува руска нафта преку јужниот дел на системот „Дружба“ до Европската унија, бидејќи европските санкции против Русија ја спречуваат руската фирма да плаќа транзитна такса за Украина.

Унгарскиот информативен портал Ориго објави дека МОЛ понудил да ја плати транзитната такса во име на Транснефт, но дека не добил одговор од Украина, пренесува денеска Раша.

„Иако МОЛ има доволно резерви за неколку недели, работи на решавање на ова прашање и започна преговори за преземање на подмирување на обврската врз основа на транзитната такса“, се вели во соопштението на унгарската енергетска компанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk