logo
logo
logo

Умре „Чудовиштето од Ардените“, озлогласен сериски убиец од Франција

Vecer | 11.05.2021

Умре „Чудовиштето од Ардените“, озлогласен сериски убиец од Франција

Мишел Фоурнирет, еден од најпознатите сериски убијци, почина во затворската болница на 79-годишна возраст, по повеќе од 20 години поминати зад решетки, додека неговата сопруга и учесник во ужасните злосторства продолжува да ја издржува казната, објави јавниот обвинител.

Фуорнирет кого медиумите го нарекоа „Чудовиште на Ардените“, во 2008 година беше осуден за силување или обид за силување и убиство на седум девојчиња и девојки на возраст од 12 до 22 години.

Неговиот убиствен поход траеше повеќе од една деценија, од 1987 до 2001 година.

Бил осуден на две доживотни затворски казни откако судот го осудил во 2018 година за убиство на партнерката на еден мафијаш.

Фоурнирет, кој бил фасциниран од невини девојчиња, бил уапсен во 2003 година, откако 13-годишно девојче успеало да избега од комбето и да повика полиција.

Повеќето свои злосторства ги извршил во Ардените, северна Франција и Белгија.

Во грабнувањето, мачењата и убиствата на млади девојки му помагала неговата сопруга Моник Оливие, осудена на 28 години затвор, каде сè уште се наоѓа.

Францускиот печат ги нарече „ѓаволска, педофилна двојка“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk