logo
logo
logo

Украинците тврдат дека Русите почнале нова офанзива во Доњецк

Vecer | 05.08.2022

Украинците тврдат дека Русите почнале нова офанзива во Доњецк

„Непријателот спроведува офанзивна операција во правец на Бахмут и Авдивка во областа Доњецк“, се наведува во извештајот. „Целта на притисокот е да се позиционираат руските сили за да ги нападнат Соледар и Бахмут и да ја прошират руската контрола западно од градот Доњецк“, се додава.

Соледар и Бахмут се дел од одбранбената линија источно од големите градови Славјанск и Краматорск, каде пред војната живееле повеќе од половина милион луѓе. Тоа е последниот регион кој сè уште е под контрола на украинските сили во поширокиот источен регион Донбас.

Во извештајот на Генералштабот се наведува дека нападот на руските сили кај Бахмут бил неуспешен и дека борбите продолжуваат на приодите кон Авдивка, северно од градот Доњецк. Извештајот не може да биде независно потврден, но е во согласност со претходните извештаи за зголемени борби во регионот по краткото затишје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk