logo
logo
logo

Украинците ги негираат американските наводи дека почнале контраофанзива

Vecer | 08.06.2023

Украинците ги негираат американските наводи дека почнале контраофанзива

- Немаме такви информации. И ние не коментираме анонимни извори - изјави портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили.

Претходно, NBC News објави, повикувајќи се на висок офицер и војник во близина на првите борбени линии, кои зборуваа под услов да останат анонимни, дека украинската војска ја започнала долгоочекуваната контраофанзива.

По неколкумесечниот напредок во украинската воена кампања, што може да се покаже како одлучувачки во намерите на Киев да ја врати окупираната територија, нов бран напади е насочен кон југоисточните линии на фронтот, пренесува NBC News.

Украинската влада досега соопшти дека нема да има јавна најава за почетокот на офанзивата, а портпаролот на украинската војска одби да ги коментира тековните воени операции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk