Украинските сили го поставија првото знаме на левиот брег на Дњепар (ВИДЕО)

Знамето на украина беше закачено на пристаништето кран кула, која стои на брегот на реката Дњепар.
„Ова ќе стане мост за деокупација на левиот брег на регионот Херсон! – потенцираат од војската.
Според информациите на Генералштабот на вооружените сили на Украина, во областа Херсон, руските сили ги бранат претходно заземените граници, гранатирајќи ги позициите на украинските војници и ослободените населени места во регионот Херсон со минофрлачи и ракетна артилерија. Гранатирањето на предградијата и Херсон не престанува.