logo
logo
logo

Украинскиот министер за одбрана: Наскоро ќе објавиме добри вести

Vecer | 30.09.2022

Украинскиот министер за одбрана: Наскоро ќе објавиме добри вести

Резников вели дека разговарал за „начините за зајакнување на украинските капацитети“ со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Тој наведува дека „наскоро ќе ја објави радосната вест“, но не соопшти дополнителни детали. Но, тој напиша дека украинската армија „ќе продолжи да користи оружје за да ги деокупира“ териториите контролирани од руските сили.

Да потсетиме, Украина веќе некое време бара од САД ракети ATACMS, чиј дострел во голема мера го надминува сето она што моментално им е достапно на Украинците. Скај њуз наведува дека не се знае дали САД им ги испратиле тие проектили или не.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk