logo
logo
logo

Украински политичар отпатувал на одмор во Тајланд, па го исфрлиле од партијата на Зеленски

Vecer | 27.01.2023

Украински политичар отпатувал на одмор во Тајланд, па го исфрлиле од партијата на Зеленски

Портпаролката на партијата Јулија Паличук денеска изјави дека Микола Тишченко е исклучен од партијата „Слуги на народот“, откако на веб-страницата на украинската амбасада во Тајланд се појави соопштение дека Тишченко ќе се сретне со членовите на украинската дијаспора во тамошниот хотел.

Тишченко на Фејсбук објавил дека е на службено патување во Азија со одобрение од партиските лидери и „делува исклучиво во интерес на Украина“. Претседателот на парламентот Руслан Стефанчук рече дека не го одобрил патувањето.

Зимската посета на сончевата Југоисточна Азија дојде во време кога претседателот Володимир Зеленски одлучи да се справи со фактот дека претставниците сносат поголема одговорност за своите постапки. Политичките аналитичари рекоа дека Зеленски треба да им покаже на западните политичари и на уморните од војна Украинци дека е сериозен во казнувањето на злоупотреба на моќта.

Над десетина високи функционери беа отпуштени или поднесоа оставки оваа недела, вклучително и заменик обвинител кој беше под лупа на медиумите поради одморот во Шпанија.

Оставка поднел и советникот на претседателот, кого локалните медиуми го прозваа дека вози скапи автомобили.

Неделава Зеленски најави забрана за службени лица да одат на приватни патувања во странство. На повеќето украински мажи на возраст од 18 до 60 години веќе им е забрането да ја напуштат земјата поради воената состојба откако Русија ја започна својата инвазија на земјата во февруари минатата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk