logo
logo
logo

Украински градоначалник ги обвини Русите дека гранатираат со касетни бомби

Vecer | 02.07.2022

Украински градоначалник ги обвини Русите дека гранатираат со касетни бомби

„Во нападите во текот на ноќта беа погодени цивилни зони без воени објекти“, напиша на Телеграм градоначалникот на Словјанск, Вадим Љах.

Касетната муниција вклучува ракети и бомби кои експлодираат во воздухот над целта и се распрснуваат во многу помали експлозивни направи. Нивната употреба е забранета со меѓународна конвенција. Информациите кои доаѓаат од конфликтните зони во Украина е тешко или невозможно независно да се проверат.

Москва не ги коментира украинските обвинувања дека Русија фрлила фосфорни бомби на Змискиот остров во Црното Море, ниту пак обвинувањата за таргетирање на станбени згради со касетни бомби. Проруските сепаратисти во источна Украина, кои се поддржани од Москва, денеска објавија дека „целосно“ го опколиле Лисичанск, но Киев ги негира овие информации и тврди дека се уште го „контролира“ градот.

Лисичанск е последниот голем град во областа Луганск за кој Украинците тврдат дека е под нивна контрола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk