Украинската вицепремиерка на руски им се обрати на Русите кои ги „посвојуваат“ украинските деца

Обраќајќи се на руски на Телеграм, Ирина Верешчук рече дека „јавното фалење со незаконски активности е особено одвратно“.
„Земењето деца без родители од Украина и нивно давање на посвојување на руски граѓани е незаконско и гнасно“, напиша Верешчук.
Повеќе од 16.000 случаи на депортација на деца истражува главниот украински обвинител Андриј Костин.