Украинската православна Црква стана независна од Руската - отворен патот за МПЦ

На состанокот во Цариградската патријаршија во Истанбул прифатено е барањето на Украинската првославна Црква за независност од Руската православна Црква, јавува Anadolu Agency (AA).

По советодавниот состанок на Цариградската патријаршија донесена е одлука да се прифати барањето на Украинската православна Црква.

Митрополитот на Франција Емануел на новинарите им рече дека денеска ја потврдиле одлуката која претходно ја донеле во врска со барањето на Украинската православна Црква за независност од Руската православна Црква во Москва.

Нагласи дека спомнатото барање го оцениле за оправдано.

Прогласувањето на одлуката го следеа и медиумите од Русија и од Украина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари