logo
logo
logo

Украина: Со уривањето на браната губиме милиони тони жито

Vecer | 08.06.2023

Украина: Со уривањето на браната губиме милиони тони жито

„Без водоснабдување, невозможно е да се одгледува зеленчук. Зрната и маслодајните семиња ќе се одгледуваат со користење на екстензивен модел со ниски приноси“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството предупреди оваа недела дека поради уништувањето на браната, илјадници хектари земјоделско земјиште во јужна Украина ќе бидат поплавени, а најмалку 500.000 хектари земјиште може да се претворат во „пустина“ во отсуство на наводнување.

Според министерството, ќе треба да се изврши проценка на земјоделско-еколошката состојба на почвата на поплавеното земјиште, а во најголем број случаи ќе треба да се применат методи за обновување на почвата.

Во погодената област најмногу се одгледувале зеленчук, дињи, жито и сончоглед. Украина е еден од водечките производители и извозници на жито и сончоглед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk