logo
logo
logo

Украина воведе санкции за руската нуклеарна индустрија за следните 50 години

Vecer | 06.02.2023

Украина воведе санкции за руската нуклеарна индустрија за следните 50 години

Украина воведе санкции за руската нуклеарна индустрија во следните 50 години, се вели во декретот што во неделата го потпиша претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Овие мерки се насочени кон 200 руски компании и организации, а една од нив е руската државна агенција Росатом, за која „Киев Индепендент“ пишува дека незаконски управува со окупираната нуклеарна централа Запорожје во Енергодар.

Киевскиот весник додава дека Русија ја искористила фабриката „за нуклеарна уцена“.

„Таа терористичка држава ја користи нуклеарната индустрија за притисок врз други држави и на тој начин се шири однадвор. Тоа се доволни причини да се воведат глобални санкции врз руската нуклеарна индустрија“, рече Зеленски во неделното обраќање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk