logo
logo
logo

Украина: Руски војници СИЛУВАЛЕ петгодишно девојче

Vecer | 29.11.2022

Украина: Руски војници СИЛУВАЛЕ петгодишно девојче

Висок украински функционер денеска изјави дека руски војници силувале петгодишно девојче и 76-годишна Украинка, пренесува Sky News. Јулија Свириденко, заменик премиер на Украина, рече дека видела голем број признанија од украински девојки и жени кои биле жртви на сексуално насилство за време на војната.

На прашањето како руските војници се однесуваат со Украинките, Свириденко рече: „Ужасно. Зборувавме за жени и деца кои беа силувани. Најмладата жртва има само пет години, а најстарата 76. Ова се ужасни приказни за кои светот треба да знае и треба реагира“.

„Русите го користат силувањето како оружје“

„Сакам да ја истакнам важноста на санкциите против Русија и важноста да продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружјето што ни е потребно за да ја завршиме оваа војна со победа. Нашиот народ страда многу, особено жените и децата. Целиот свет се подготвува за Божиќ, а Украина се подготвува за ново гранатирање, за ракети насочени според нашата електрична мрежа“, додаде таа.

Олена Зеленска, првата дама на Украина, неодамна ги обвини руските сили за „користење на силувањето како оружје“ во војната против Украина. Таа исто така тврди дека „сопругите на руските војници ги охрабруваат своите сопрузи да силуваат Украинки“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk