Русија испраќа засилување во источна Украина пред можна нова офанзива, изјави украинскиот гувернер на областа Луганск, Сергеј Хајдаи.

Но, во исто време, британските разузнавачи – кои внимателно ја следат и известуваат за ситуацијата на фронтот – денеска изјавија дека е малку веројатно Русија да има доволно сили за значително да влијае на текот на војната во следните неколку недели.

Украина предвидува дека Русија би можела да започне голема офанзива од „симболични“ причини околу 24 февруари, односно околу годишнината од инвазијата, која Москва продолжува да ја нарекува „специјална воена операција“.

Самата Украина планира пролетна офанзива за да ја врати изгубената територија, но ја чека испораката на ветените западни ракети со поголем дострел и борбени тенкови.

Некои аналитичари сметаат дека на Украина и се потребни месеци за да биде подготвена.

Извор: Ројтерс

Фото: принтскрин јутјуб