logo
logo
logo

Украина ракетираше голема воена база која се наоѓа 300 километри на руска територија

Vecer | 09.08.2024

Украина ракетираше голема воена база која се наоѓа 300 километри на руска територија

Нападот бил со беспилотни летала. Ова е еден од најголемите напади на руска територија од почетокот на војната.

Од силните експлозии оштетена е и енергетска инфраструктура во близина на воздухопловната база. Регионалниот гувернер Игор Артамонов, изјави дека најмалку шест лица се ранети во нападот, а предизвикани се експлозии и прекин на струја, по што во областа е прогласена вонредна состојба.

Три дена по прекуграничниот напад на Украина врз руската област Курск, украинскиот претседател володимир зеленски изјави дека Москва мора да ги „чувствува“ последиците од нејзината инвазија на украина.

„Украинците знаат како да ги постигнат своите цели. И ние не избравме да ги постигнеме нашите цели во војната. Русија ја донесе војната во нашата земја и треба да почувствува што направи.“- -Володимир Зеленски, Прертседател на Украина.

Русија потврди дека најмалку 1.000 украински војници, веќе се длабоко навлезени на нејзина територија со тенкови и оклопни возила.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека ја надгледува нуклеарната централа во Курск. Инаку, утрово на мрежата икс  објавена снимка од рускиот воен конвој кој беше уништен синоќа во селото Жовтневе во областа Курск.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk