logo
logo
logo

Глас на разумот

Украина НЕ САКА ДА ГО СЛУША КИСИНЏЕР

Vecer | 24.05.2022

Украина НЕ САКА ДА ГО СЛУША КИСИНЏЕР

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за време на својот говор на Светскиот економски форум во Давос повтори дека Укарина нема иднина ако заземе страна кон Западот или кон Русија, туку треба да биде неутрална, мост помеѓу двете страни. Во тој контекст Кисинџер кажа дека властите во Киев треба да преговараат со Русија, дури и ако од Украина се бараат отстапки.

Хенри Кисинџер рече дека Западот треба да престане да се обидува да и нанесе крупен пораз на Русија и предложи Украина да се откаже од дел на територијата. Кисинџер рече дека би било „фатално“ Западот да се зафати со „расположението на моментот“ и да ја заборави позицијата на моќ на Русија во Европа.

Поранешниот американски државен секретар, на Светскиот економски форум одржан во Давос, Швајцарија, изјави дека Украина мора да ги започне преговорите „пред да создаде пресврти и тензии кои нема лесно да се надминат“.

„Идеално, линијата на поделба треба да биде враќање на статус кво претходно. Следењето на војната надвор од таа точка нема да биде за слободата на Украина, туку нова војна против самата Русија“, рече тој на конференцијата, а објави британскиот Дејли мејл.

Според британски Телеграф, тој објаснил дека Русија била „суштински дел од Европа“ повеќе од четири века, истакнувајќи дека европските лидери не смеат „да ги изгубат од вид долгорочните односи“ или на друг начин да ризикуваат да ја стават Русија во постојан сојуз со Кина.

Претставникот на украинскиот претседател Зеленски, Подољак, се побуни на ваквата анализа офрлајќи го и рече дека Украинците во рововите немаат време да ги слушаат советите на “алармистите“ од Давос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk