logo
logo
logo

Украина: Најмалку 150 тони моторно масло се излеа во реката Дњепар

Vecer | 06.06.2023

Украина: Најмалку 150 тони моторно масло се излеа во реката Дњепар

Уште 300 тони се закануваат да се излеат во водата, беше речено на маргините на состанокот на Советот за национална безбедност што го свика претседателот Володимир Зеленски. Гувернерот на регионот Херсон, Олександр Прокудин, рече дека осум села се целосно или делумно поплавени, а 16.000 луѓе се во опасната зона.

Загрозени се околу 80 населени места во тој реон, каде во исто време се водат борби. Воздушните фотографии од регионалниот главен град Херсон, контролиран од Украина, покажуваат многу куќи во областа Корабел под вода. Украина ја обвинува Русија за уништувањето на браната. Поплавен е и градот Нова Каховка на јужниот брег на реките Дњепар, кој е под контрола на Русија. Русија ги обвини украинските саботери.

Руските власти во окупираната јужна Украина прогласија вонредна состојба, откако во раните утрински часови експлозија ја уништи големата брана на реката Дњепар и блиската хидроцентрала. Експлозијата е еден од најзначајните инциденти во последните неколку месеци од војната во Украина и се стравува од големи поплави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk