Вооружени лица убија 100 цивили во напад врз село во северот на Буркина Фасо.

Владата на Буркина Фасо соопшти дека напаѓачите го извршиле нападот минатата ноќ убијавајќи 0жителите на селото Солхан, и притоа ги запалиле нивните домови, објави Ројтерс.

Владата ги означи напаѓачите како терористи.

Во моментов армијата спроведува операција за расчистување на теренот за пронаоѓање на напаѓачите.

Напаѓачите со себе однеле разни работи што им припаѓаат на локалното население, како што се мотоцикли и говеда.

На воените сили во Буркина Фасо им помага групата Волонтери за одбрана на татковината. Тие беа формирани во декември 2019 година и заедно со вооружените сили работат по набљудувачки, информативни и мисии за заштита. Тие, исто така, честопати се борат заедно со војската.

Нападот се случи две недели по уште два напади во истата зона кога беа убиени четири лица.

Повеќе од 1.300 луѓе загинаа во насилства од 2015 година, а повеќе од милион се раселени бегајќи од зоните каде што оперираат овие групи.