logo
logo
logo

Убиецот со насмевка негира дека е виновен за убиство на милионерот, пред судот го чекале фанови

Vecer | 28.04.2025

Убиецот со насмевка негира дека е виновен за убиство на милионерот, пред судот го чекале фанови

Манџоне (26) влегол во судницата кратко пред 13 часот по локално време, а додека разговараше со своите адвокати, се насмевна и прелистуваше низ документите на масата, објавува „Гардијан“.

Доколку биде осуден, Манџоне може да се соочи со смртна казна, а денес неговите поддржувачи се појавија пред судницата, повикувајќи на укинување на смртната казна.

Меѓу нив беше и информаторката Челси Менинг, која помина седум години во затвор откако откри чувствителни воени и дипломатски информации на Викиликс.

Претходно денес, Канцеларијата на американскиот обвинител објави дека ќе бара смртна казна за Манџоне, што претходно го објави федералната обвинителка Пам Бонди.

Адвокатите на Манџоне рекоа дека објавата на Бонди од 1 април го прекршила владиниот протокол за донесување одлуки поврзани со изрекувањето на смртната казна.

Манџоне беше обвинет во американскиот федерален суд за убиство, следење и носење огнено оружје.

Тој е осомничен за убиството на милионерот Томпсон на Менхетен на 4 декември, а против него се води посебен судски процес на ниво на државата Њујорк.

Американските федерални обвинители започнаа истрага против Манџоне кон крајот на минатата година.

Федералното обвинение за убиство со огнено оружје носи максимална казна - смрт, доколку биде осуден.

Сепак, државните обвиненија не вклучуваат смртна казна.

Обвинителите тврдат дека Манџоне го нападнал Томпсон на 4 декември пред хотелот Хилтон на Менхетен, додека Томпсон се упатувал кон конференција на инвеститори за осигурителната компанија што ја раководел.

По петдневна потрага, убиецот Манџоне бил пронајден во Пенсилванија, каде што бил уапсен и моментално се наоѓа во затвор во Бруклин.

Истражителите рекоа дека тој имал ранец во кој пронашле пиштол што одговарал на описот на оружјето употребено во убиството, како и тетратка со белешки во кои се критикува осигурителната индустрија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk