logo
logo
logo

Убиецот од Тексас му го најавил масакрот на 15 годишно девојче од Германија

Vecer | 26.05.2022

Убиецот од Тексас му го најавил масакрот на 15 годишно девојче од Германија

Според информациите на СНН, 18-годишниот атентатор од Тексас во вторникот испратил повеќе пораки до 15-годишно девојче од Франкфурт, во кои го изнесол својот план да отвори оган во училиште.

Прво се пожалил дека баба му разговара со некого телефонски, што го нервира, за шест минути подоцна, да напише: „Тукушто стрелав во главата на баба ми“. Неколку секунди подоцна, во 11.21 часот по локално време, ја ипратил пораката за напад во училиште. Тоа била последна порака до девојчето во Франкфурт.

Контактот на девојчето со Салвадор Рамос  започнал пред двеипол недели преку апликацијата фејстајм.

Преписката се одвивала секојдневно и преку две други апликации, при што 18-годишното момче испратило свои видеа, најавувајќи желба да ја посети во Европа..

Гувернерот на Тексас, Грег Абот вчера изнесе податок дека напаѓачот своето дело го најавил преку повеќе постови на Фејсбук

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk