logo
logo
logo

Убиецот од Паркленд го призна масакрот во училиштето – обвинителите најавија дека ќе бараат смртна казна

Vecer | 21.10.2021

Убиецот од Паркленд го призна масакрот во училиштето – обвинителите најавија дека ќе бараат смртна казна

Николас Круз, кој е обвинет за масовното убиство во средното училиште во Паркленд, Флорида во 2018 година, се изјасни за виновен за најголемиот масакр што некогаш се случил во американско средно училиште, кога беа убиени 17 луѓе, а исто толку беа ранети.

На вчерашното сослушување, 23-годишниот Круз се изјасни за виновен по 17 точки од обвинението за убиство и 17 точки за обид за убиство во гимназијата „Марџори Стоунман Даглас“ во Паркленд, за нападот што го изврши на Денот на вљубените, 14 февруари 2018 година.

„ Круз бил 19-годишен ученик кога бил исфрлен од тоа училиште, со историја на проблеми со менталното здравје и однесување, во време кога „ладно, пресметано и намерно“ изврши убиство на ученици“, наведува државното обвинителство.

Во престрелката загинаа 14 ученици и тројца вработени во училиштето, а 17 беа повредени.

Една година претходно беше избркан од училиште поради постојано насилно однесување.

Бидејќи обвинителите најавија дека ќе бараат смртна казна, поради промената на неговото признание за вина и неговото признавање на одговорноста, би можела да се отвори фазата за изрекување на казната, а поротата ќе одлучи дали Круз треба да биде осуден на доживотен затвор или на смртна казна.

Во Флорида, поротата одлучува дали ќе воведе смртна казна. Ако обвинителите не се подготвени да се откажат од смртната казна поради евентуален договор со Круз, за неговата судбина ќе одлучи поротата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk