logo
logo
logo

Убиена оти НЕ САКАЛА ДОГОВОРЕН БРАК СО РОДНИНА, Италија распиша потерница по нејзиниот чичко

Vecer | 08.06.2021

Убиена оти НЕ САКАЛА ДОГОВОРЕН БРАК СО РОДНИНА, Италија распиша потерница по нејзиниот чичко

Италијанската полиција издаде меѓународна потерница за пет члена во семејството на девојката Саман Абас, по потекло од Пакистан, која исчезна на 30 април, пишува Анса.

Исчезнувањето на девојката го пријавил најверојатно нејзиниот дечко, Италијанец, а се претпоставува дека таа е убиена затоа што не се согласила на договорен брак со братучед во Пакистан.

Според сведочењето на помладиот брат и прегледот на телефонските пораки, девојката била убиено, најверојатно со давење, од нејзиниот чичко Даниш Хаснаин, а на него му помогнале двајца роднини, со согласност од родителите во провинцијата Реџо Емилија.

Откако дечкото го пријавил нејзиното исчезнување, родителите и еден роднина одеднаш отпатувале за Пакистан, еден роднина е уапсен во Франција, а по чичкото, претпоставениот физички сторител на убиството, полицијата трага низ цела ЕУ.

Овој случај со денови е во центарот на вниманието на италијанската јавност.

Не само поради суровото убиство на невина девојка која сакала да живее поинаку од она што го замислувало нејзиното семејство, туку и поради дебатата иницирана од трагичниот настан.

Во медиумите, но и меѓу парламентарните партии се дискутира колку странците во Италија се прилагодуваат на животот во демократско општество и дали државата прави се што е можно и потребно за да им помогне во тоа.

https://youtu.be/gl5hCrXmog8

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk