Италија:

Уапсени 37 мафијаши и запленети 11 милиони евра

Италијанската полиција соопшти дека запленила 11 милиони евра имот и уапсила 37 лица, меѓу кои и двајца карабинери, обвинети за мафијашки рекет. Според информациите, еден сопственик на луксузниот ресторан „Виа Венето" во Рим бил присилен под закана на мафијаш да плати 180.000 евра рекет.

Припадниците на елитните карабинери обвинети се за нелегално користење информации од полициската база на податоци за вршење изнуда над сопственикот на ресторанот, кој на крајот се обратил кај полицијата за помош, пренесе АП.

Истрагата во поголем дел се фокусирала на мафијашкото семејство Ринцивилјо од Сицилија, како и на нивната сорабтка со Германија.

„Во Рим сме навикнати да се соочуваме со криминални организации, а од летото 2014 година овде се соочуваме со препознатлива, видливо организирана структура на важно мафијашко семејство од Агриџента, Ринцивилја", изјавила обвинителката Мишел Престипино Дјарита.

Поврзани

Најнови вести

Коментари