logo
logo
logo

Уапсени 3 лица за несреќата која ја потресе Италија

Vecer | 26.05.2021

Уапсени 3 лица за несреќата која ја потресе Италија

Полицијата уапси три лица по несреќата на жичарницата во Италија, во која загинаа 14 лица, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Несреќата се случи во неделата во италијанскиот регион Пиемонт. Во кабината имало 15 лица, а жичарницата се движела од градот Стреза кон планинскиот врв Мотароне за време на несреќата.

Само едно дете ја преживеало несреќата.

Италијанската полиција при истрагата ги уапсила инженерот за жичница, директорот на службата и оперативниот шеф на службата.

Истражните органи открија дека системот за безбедно сопирање е „наместен“ за да се избегне доцнење, изјави јавната обвинителка Олимпија Боси за ANSA.

Тројцата уапсени извршија „свесно постапиле“, рече Боси, додавајќи дека за да се избегне запирање, на жичарницата поставиле уред кој ги исклучува сопирачките за итен случај, што значи дека безбедносниот систем не се активирал кога пукнал носечкиот кабел .

Уапсените се товарат за убиства од небрежност, предизвикување ненамерна катастрофа и отстранување на инструменти потребни за да се спречи несреќа.

Боси рече дека апсењето на трите лица е „многу сериозна и вознемирувачка последица од истрагата“. „Убедени дека кабелот никогаш нема да се расипе, тие свесно преземаа ризик кој доведе до фатални последици“, рече Боси.

Жичарницата Мотарон, која повторно се отвори пред околу еден месец откако беше запрена поради пандемија на Корона вирусот, одработила „неколку дена со многу возења“ со деактивирани сопирачки за итни случаи, додаде таа.

Да потсетиме, 14 лица загинаа при пад на кабина од жичарница во близина на езерото Маџоре во северна Италија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk