Уапсени 10 лица по неуспешниот атентат над венецуелскиот претседател

Венецуелските власти досега уапсиле десет луѓе поради сомнение дека се вмешани во обидот за атентат врз претседателот Николас Мадуро.

И бројот на уапсени, и бројот на осомничени постојано се зголемува, а вакавата информација за медиумите ја потврди и министерот за внатрешни работи на Венецуела, Нестор Реверол.

Во една од своите изјави, министерот за внатрешни работи на Венецуела, како што пренесува ТАСС, посочил дека бројот на осомничени сега се зголемил и истиот изнесува 25 лица.

Претходно венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, за обидот за неговото убиство ја обвини Колумбија и американската држава Флорида, каде живеат во егзил бројни жители на Венецуела, десничари, кои според венецуелскиот претседател, кројат заговор за негово убиство.

Мадуро за нападот го обвини и колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и тамошните десничари.

Пред само еден ден, пак Врховниот суд на Венецуела нареди апсење на лидерот на опозицијата и поранешeн претседател на парламентот, Хулио Борхес, поради сомневање за вмешаност во обидот за убиство на претседателот Николас Мадуро.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари