logo
logo
logo

УАПСЕНА ВНУКА на Ајатолахот Али Хамнеи: Немала пофални зборови за нејзиниот вујко и повикувала на акција!

Vecer | 28.11.2022

УАПСЕНА ВНУКА на Ајатолахот Али Хамнеи: Немала пофални зборови за нејзиниот вујко и повикувала на акција!

Опозициската активистка Фарида Морадкани, внука на врховниот ирански верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, е уапсена во Иран.

Оваа позната активистка за човекови права е уапсена откако ги повика странските влади да ги прекинат сите врски со Техеран поради насилното задушување на народните немири предизвикани од смртта на една млада Иранка во притвор на Полицијата за морал.

Видеото од изјавата на Фарида Морадкани, инженер чиј покоен татко бил истакнат опозиционер и зет на Хамнеи, беше широко споделен на интернет откако опозициската новинска агенција ХРАНА објави дека Морадкани била уапсена на 23 ноември.

-О слободен свете, биди со нас. Кажете им на вашите влади да престанат да го поддржуваат овој смртоносен режим кој убива деца. Овој режим не е лојален на ниту еден религиозен принцип и не познава никакви правила, освен за сила и останување на власт – вели Морадкани во своето видео.

Агенцијата ХРАНА објави дека за време на двомесечните немири ширум земјата биле убиени 450 демонстранти, од кои 63 малолетни, дека животот го загубиле 60 припадници на безбедносните сили, а биле приведени 18.173 демонстранти.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk