Уапсена српско-хрватска банда поради кражба во Дуждовата палата во Венеција

Четири државјани на Хрватска и еден од Србија, денеска и вчера беа уапсени под сомнение за кражба на накит, вреден милиони од Дуждовата палата во Венеција, соопшти хрватската полиција.

По неколку месеци на соработка со италијанската полиција, хрватската полиција ги уапси четворицата хрватски државјани, едниот на возраст од околу 60 години, еден 43-годишен маж и двајца 48-годишни мажи.

Од полицијата додаваат дека денеска на граничниот премин Товарник, по издаден Европскиот налог за апсење, уапсен е и петтиот член на криминална организација, 54-годишен граѓанин на Србија.

Тие се осомничени за крадење на накит вреден милиони во јануари оваа година во Венеција.

Според полицијата, накитот е украден од приватна колекција на накит, а во украдените предмети имало и други вредни артефакти, најверојатно од катарскиот шеик Хамад бин Абдулах ал-Таниј.

„Целата колекција која е украдена е од непроценливо значење, украден е еден пар на обетки од платина и дијаманти во вредност од еден милион долари, како и брош направен од платина и рубини во вредност од над два милиони долари”, се посочува во соопштението на полицијата.

Против уапсените лица се води кривична постапка пред судот во Венеција. со кривична истрага.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари