Уапсен маж во Шпанија кој сакал да изврши напад врз премиерот

Шпанската полиција денеска објави дека уапсила човек за кој верува дека имал намери да го нападне шпанскиот премиер, Педро Санчез.

Според полицијата мажот сакал да изврши напад врз премиерот поради неговата контроверзна одлука за ексхумирање на посмртните остатоци на шпански диктатор, генерал Франческо Франко.

Полицијата соопшти дека 63-годишниот маж кој бил поранешен чувар бил уапсен во градот Терасо, Каталонија по кратка истрага.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари