logo
logo
logo

Тврдеше дека е заложник, сега ќе патува во Европа - СЕ ПОЈАВИ ФОТОГРАФИЈА на принцезата Латифа

Vecer | 22.06.2021

Тврдеше дека е заложник, сега ќе патува во Европа - СЕ ПОЈАВИ ФОТОГРАФИЈА на принцезата Латифа

По долго време се појави нова фотографија од принцезата Латифа, ќерка на владетелот на Дубаи, за која никој немаше слушнато, ниту ја имаше видено со месеци. Фотографијата од принцезата Латифа на аеродромот во Мадрид беше објавена на профилот на Инстаграм од нејзината наводна најдобра пријателка.

Во февруари светските медиуми објавија видео од принцезата во кое се тврди дека е затворена во палатата на нејзиниот татко и дека се плаши за својот живот. Видеото ги поттикна ООН да побараат од властите во Дубаи доказ дека Латифа е сè уште жива и тие побараа принцезата веднаш да биде ослободена.

Властите во Дубаи подоцна објавија поради притисокот на јавноста дека таа е дома и дека семејството се грижи за неа.

- Нејзината состојба секој ден се подобрува, се надеваме дека наскоро ќе се врати во нормален живот - беше најавено тогаш.

Најновата фотографија се појави на Инстаграм профилот на Сионд Тејлор, наводна блиска пријателка на Латифа. Ова е трета фотографија од почетокот на мај.

- Започнува големо патување низ Европа со Латифа, се забавуваме истражувајќи - пишува во објавата под споменатата фотографија.

И двете жени имаат маска на лицето, а се претпоставува дека сликата е направена на аеродромот во Мадрид.

Коосновачот на организацијата „Слобода за Латифа“ вели дека му е драго што Латифа има пасош, патува и добива сè поголем степен на слобода.

Тој исто така додаде дека принцезата лично контактирала со неговата организација, но дека сè уште не може да зборува за деталите од разговорот.

Што се случи со Латифа?

Таа е едно од 25-те деца на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, која се обиде да избега од Дубаи во февруари 2018 година. На видеото кое го сними пред бегството, таа рече дека живее многу тешко и дека не го напуштила Дубаи од 2000 година.

https://youtu.be/4uu1z3bgDWM

- Побарав само да патувам, да учам, да правам се што прават обичните луѓе, но тие не ми дозволуваат - рече таа во видеото.

Сепак, таа не успеа да избега. По осум дена ја пронајде обезбедувањето на нејзиниот татко и беше присилно вратена во Дубаи.

Во февруари оваа година, Би-Би-Си објави видеа со Латифа во кои таа тврди дека, откако ја вратија во Дубаи, била испратена во затвор. Таа рече дека деновите ги поминала сама, без никаква правна или медицинска помош. Нејзиниот татко ја чувал во вила во затворена просторија под постојан полициски надзор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk