Туск: Најверојатно, Москва стои зад нападот на Сергеј Скрипал

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека, најверојатно, Москва стои зад труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал на територијата на Велика Британија.

„Изразувам целосна солидарност кон британската премиерка Тереза Меј во врска со суровиот напад инспириран, најверојатно, од Москва“, изјави Туск за време на посетата во Финска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари