logo
logo
logo

Турција влезе во рецесија

Vecer | 29.11.2024

Турција влезе во рецесија

Во периодот од јули до септември, економската активност е намалена на тримесечно ниво, според сезонски и календарски прилагодени податоци, за 0,2 отсто, како и во претходните три месеци, утврди Заводот за статистика.

Тоа значи дека Турција е во рецесија, што технички се дефинира како пад на активноста два квартали по ред. На годишна основа, економијата во третиот квартал пораснала за 2,1 отсто, по ревидираниот раст од 2,4 отсто во претходните три месеци.

Податоците покажуваат послаба побарувачка, особено за услуги, под притисок на високите каматни стапки. Централната банка започна циклус на затегнување на монетарната политика минатиот јуни, зголемувајќи ги каматните стапки од 8,5 на сегашните 50 отсто за да ја спречи високата инфлација. Во октомври цените пораснале за 48,58 отсто на годишна основа.

Градежништвото и финансиските услуги ја поддржаа економијата во летниот квартал, покажуваат податоците на заводот за статистика.

Турската економија во изминатите години порасна меѓу четири и пет отсто, но оваа година растот е забавен. Министерот за финансии Мехмет Шимшек денеска изјави дека растот повторно ќе се забрза во втората половина на следната година.

Исто така, централната банка денеска соопшти дека високите трошоци за задолжување ја „балансирале“ домашната побарувачка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk