Тој рече дека оштетувањето на сириската страна од патот што води до граничниот премин, кој е отворен исклучиво за хуманитарна помош како дел од одобрението од Советот за безбедност на Обединетите нации, предизвикува тешкотии.

– Има одредени проблеми во однос на помошта на Турција и меѓународната заедница. Поради тоа, се прават напори да се отворат уште два гранични премини, информира Чавушоглу. /МИА