Турскиот обвинител побара 10 години затвор за пасторот Брансон

Судскиот случај на американскиот евангелски пастор Ендру Брунсон, кој веќе две децении ја води Црквата на воскресението во Турција, денеска продолжи со завршното обраќање на турското Обвинителство кое побара Брунсон да биде осуден на 10 години затвор, додавајќи, сепак, дека судските контроли на пасторот на САД треба да се укинат, пренесува „Спутник“.

Брунсон беше обвинет за поддршка на терористичките групи за време на обидот за државен удар во 2016 година.

Според адвокатот на Брунсон, Исмаил Џем Халавурт, одлуката за укинување на контролите ќе му овозможи на неговиот клиент веднаш да ја напушти Турција. Претходно Халавурт изјави дека куќниот притвор на пасторот го надминал разумното траење и дека нема правна основа за ограничување на слободата на Брунсон. Сепак, турските судови три пати ги отфрлија жалбите оставајќи го државјанинот на САД во домашен притвор.

Притворањето на американскиот пастор стана една од главните причини за влошување на односите меѓу Анкара и Вашингтон, што доведе до наметнување на тарифи за турски челик и алуминиум, како и до финансиска криза во Турција поради падот на турска лира.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари