logo
logo
logo

Турција „под клуч“ од вечерва до понеделник

Vecer | 22.04.2021

Турција „под клуч“ од вечерва до понеделник


Турција објави дека претстојната блокада за викенд ќе ја прошири и на утрешниот национален празник, бидејќи се бори со зголемен број на заразени со коронавирус.

Во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи се вели дека мерката заклучување ќе стапи на сила вечерва и ќе трае до понеделник наутро, објави АП.

Турција деновиве регистрира рекордно ниво на заразени и смртни случаи откако ги олесни ограничувањата против Ковид-19 на почетокот на март.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја стави земјата под делумна блокада на 13 април, што вклучува продолжен вечерен полициски час во работните денови, враќање на онлајн-образованието и забрана за непотребни меѓуградски патувања, покрај блокадите кои се повторно воведени за време на викендот.

Владата во Анкара ги обвини новите видови на вирусот, кои брзо се шират, за зголемениот број на заразени лица.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk