logo
logo
logo

Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција

Vecer | 01.07.2021

Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција


Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција – меѓународен договор насочен кон справување со насилството врз жените, што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го објави во март.

За денеска се најавени протести ширум Турција.

„Ние ќе ја продолжиме борбата“, рече претседателот на Федерацијата на здруженија на жени на Турција, Канан Гулу, додавајќи дека одлуката на Ердоган ѝ штети на Турција.

Според Истанбулската конвенција, потписниците се обврзаа во 2011 година да спречат семејно насилство, да ги гонат неговите сторители и да промовираат еднаквост.

Одлуката за повлекување предизвика осуда од Соединетите Држави и Европската Унија.

Се тврди дека во текот на изминатите пет години во Турција, во просек, една жена го губи животот секој ден поради семејно насилство.

Бројни конзервативци во Турција, како и партијата на Ердоган, велат дека Истанбулската конвенција се заканува на семејната структура која го штити општеството како целина, а исто така тврди дека ја промовира хомосексуалноста, барајќи отсуство на дискриминација заснована на сексуална ориентација.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk