logo
logo
logo

Турција незадоволна од американската осуда на курдските насилства, на разговор повикан амбасадорот на САД

Vecer | 15.02.2021

Турција незадоволна од американската осуда на курдските насилства, на разговор повикан амбасадорот на САД


Турското Министерство за надворешни работи денеска го повикало на разговор американскиот амбасадор во Анкара.

Според турското МНР, до него ќе биде пренесена најсилна реакција по американската изјава за убиството на 13 киднапирани Турци од курдски екстремисти на северот на Ирак.

Турција вчера соопшти дека екстремисти од забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), која во Турција е прогласена за терористичка група, погубиле затвореници за време на воена операција против истата, објави „Ројтерс“.

Соединетите држави соопштија дека ги осудуваат убиствата доколку се потврди дека ПКК е одговорна за нив.

Претходно на ова реагираше и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, според кого американската изјава на осуда по тој повод звучела како шега.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk