logo
logo
logo

Турција: Им даваме шанса на Шведска и Финска ОД НИВ ЗАВИСИ

Vecer | 21.06.2022

Турција: Им даваме шанса на Шведска и Финска ОД НИВ ЗАВИСИ

Турција им дава нова шанса на Финска и Шведска и членството во НАТО.

Преговорите на Турција со Финска и Шведска за членството на двете нордиски земји во НАТО ќе продолжат, а самитот на Северноатлантската алијанса во Мадрид следната недела не е краен рок, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин по разговорите во Брисел.

Обраќајќи им се на новинарите во Брисел по разговорите во НАТО за ова прашање, Калин рече дека Анкара очекува Шведска, особено, да преземе итни чекори во врска со акциите на милитантната група на Курдистанската работничка партија (ПКК), пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека секој напредок на двете нордиски земји кон членство во НАТО сега зависи од насоката и брзината со која овие земји ќе преземат чекори.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, но на тие кандидатури се спротивстави Турција поради, како што тврди Анкара, поддршката на Хелсинки и Стокхолм за курдските милитанти и ембаргото за оружје воведено кон Турција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk