logo
logo
logo

ТУРЦИЈА ГИ БЛОКИРА преговорите за членство на Финска и на Шведска во НАТО

Vecer | 18.05.2022

ТУРЦИЈА ГИ БЛОКИРА преговорите за членство на Финска и на Шведска во НАТО

Неименуван претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА изјави дека Турција ги блокираше пристапните преговори на Финска и на Шведска за членство во Северноатлантската алијанса.

Поради тоа Северноатлантскиот совет, раководното тело на НАТО, не можеше да донесе одлуката, како што беше планирано, за отпочнување на процесот на пристапување.

Шведска и Финска официјално ги доставија апликациите за членство во НАТО до генералниот секретар Јенс Столтенберг на онлајн видео-церемонија мината недела.

Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара не може да прифати проширување на Алијансата, а да ја загрози безбедноста на Турција.

Тој ги обвинува Шведска и Финска дека го поддржуваат тероризмот.

-Како членка на НАТО, Турција нема да се согласи на какво било проширување што би можело да ја остави воената алијанса помалку безбедна, ниту да и наштети на нејзината безбедност, рече турскиот претседател, изразувајќи ја својата загриженост во врска со притисокот на Финска и Шведска за членство во НАТО среде војната во Украина.

„Очекуваме нашите сојузници да ја разберат нашата чувствителност (за напорите за борба против тероризмот), да покажат почит и да дадат поддршка доколку е можно“, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган на состанокот на парламентарната група на Турската Партија на правдата и развојот (АК) во главниот град Анкара.

„Ние сме една од водечките земји што активно ги поддржуваат активностите на алијансата (НАТО), но тоа не значи дека ќе се согласиме со секој предлог без прашање“, рече тој, додавајќи дека проширувањето на НАТО може да функционира доколку се почитуваат чувствителноста на Турција.

Ердоган ја подвлече потребата на Турција да ги заштити своите граници од терористички групи.

„Недоследно е Шведска и Финска да бараат да се приклучат на воената алијанса кога даваат поддршка на терористите на ПКК“, рече тој.

-Шведска одби да испорача терористи во Турција, но се осмелува да побара членство во НАТО, рече тој.

Турција, долгогодишна членка на НАТО, изрази приговори за кандидатурите за членство на Финска и Шведска, критикувајќи ги двете нордиски земји дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките групи како ПКК/УПГ.

За која било нова членка да влезе во НАТО, сите членки на алијансата мора да се согласат едногласно, вклучително и Турција.

Во текот на последните пет години, и Шведска и Финска не успеаја да се согласат со барањата на Турција за екстрадиција на десетици терористи, вклучително и членови на ПКК/УПГ и ФЕТО, групата која стои зад неуспешниот пуч во Турција во 2016 година.

Минатиот петок, Ердоган рече дека одредени скандинавски земји се однесуваат како „куќички“ за терористичките групи.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК - на листата на терористички организации од Турција, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе. УПГ е сириски огранок на ПКК.

ФЕТО и нејзиниот лидер со седиште во САД, Фетула Ѓулен, го организираа поразениот државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.

Високи претставници на Шведска и Финска треба да ја посетат Турција во наредните денови за да одржат официјални разговори во Анкара за да разговараат за нивните кандидатури за членство во НАТО, поттикнати од војната на Русија против Украина.

Фото: анадолу

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk