logo
logo
logo

Цените на нафтата растат по најавата за воведување ценовен плафон

Vecer | 05.12.2022

Цените на нафтата растат по најавата за воведување ценовен плафон

Цените на нафтата денеска пораснаа откако земјите извознички на нафта се согласија да не го зголемуваат производството, а групата од седумте најразвиени земји во светот и нејзините сојузници објавија дека од денеска ќе воведат ограничување на цената на руската нафта.

Цената на нафтата од типот брент утринава порасна за околу 0,6 отсто на повеќе од 86 долари за барел, јавува Би-Би-Си.

Г7 се согласи во петокот да ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел за да го зголеми притисокот врз Русија да ја запре инвазијата врз Украина, а Москва се закани дека ќе престане да извезува нафта во земјите што ќе ги усвојат мерките.

Русија е втор најголем производител на сурова нафта во светот по Саудиска Арабија и обезбедува околу една третина од потребите на Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk