logo
logo
logo

Цената на кафето урива рекорди

Vecer | 01.12.2021

Цената на кафето урива рекорди

Кафето поскапе на највисокото ниво во изминатите 10 години, а аналитичарите очекуваат тензиите на пазарот да продолжат до 2023 година, јави Си-Ен-Би-Си.

Договорите за декемвриска испорака на кафе ја завршија трговската сесија по цена од 2,34 долари за фунта.

Минатиот четврток фјучерсите за кафе на Њујоршката интерконтинентална берза достигнаа 2,46 долари, со што беше највисока цена од 2011 година, кога беше 3 долари за фунта (1 фунта = 0,4536 кг).

Ден потоа референтната цена на Меѓународната асоцијација за кафе беше 2,07 долари за фунта, што е за 85 отсто повеќе од претходната година.

– Прашањето е колку долготрајни се овие промени. Мислам дека треба да се фокусираме на она што се случува во Бразил оваа година – ниски температури, многу брз период на замрзнување што влијаеше на некои од областите за одгледување кафе и суша. Ова ја остави жетвата во 2022 година неизвесна – изјави Оле Хансен, шеф на стоковните стратегии во Saxo Bank.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk