Тројца белци беа прогласени виновни во средата за убиството на црнецот Ахмауд Арбери кого го ловеле и пукале по него додека џогирал во нивниот кварт, откако поротата во американската сојузна држава Џорџија го отфрли тврдењето за самоодбрана на судењето коешто уште една ги истакна поделбите во САД коишто ги предизвикуваат расните прашања.

Поротата, во којашто биле еден црнец и 11 белци – податоци кои сѐ почесто се истакнуваат во американските медиуми кога се следат судските предмети, донесе пресуда по судењето кое треаше две седмици во крајбрежниот град Брaнзвик во случајот во кој требаа да утврдат дали обвинитите имале право да се конфронтираат со невооружениот 25-годишен џогер во февруари минатата 2020 година, бидејќи мислеле дека е провалник и дека бега по злосторство.

Грегори Мекмајкл, на 65 години, неговиот 35-годишен син Тревис Мекмајкл и новниот 52-годишен сосед Вилијам Роди Брајан, обвинети се за убиство, тежок напад и злосторничка намера да сторат кривично дело. Им се заканува минимална казна од доживотен затвор со можност за условно отпуштање.

Адвокатите на таткото и синот Мекмајкл тврдеа дека убиството било оправдано отокао Арбери протатнел крај приодите кон нивниот дом во квартот во кој биле пријавени низа провалувања во куќи. И таткото и синот веднаш зграбиле оружје со својот камионет и се дале во потера по Арбери, а им се придружил и Брајан. По кавгата, помладиот Мекмајкл истрелал и го убил момчето.

Обвинителите наведуваа дека обвинетите „го претпоставиле најлошото“ кога виделе дека црнец како трча во неделното попладне. Тројцата мажи, покрај тоа, се соочени со судење на сојузно ниво следната година по обвинение за злосторство од омраза.