logo
logo
logo

Трката на вакцините со мутациите КАКО ТРКА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ

Vecer | 09.04.2021

Трката на вакцините со мутациите КАКО ТРКА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ

Во тек е трка помеѓу вакцините и мутациите на коронавирусот, која се повеќе личи на трка за вооружување.

Вакцините се помалку ефикасни против некои варијанти, и колку повеќе се шири вирусот, толку почести ќе бидат мутациите, односно вакцините ќе бидат помалку ефикасни, пишува Глас на Америка.

Вакцините од Фајзер/Бионтек и Модерна се повеќе од 90 проценти ефикасни во спречување на каква било инфекција, со или без симптоми, соопштија од ЦДЦ, кои ја спроведоа студијата врз здравствени работници.

Откриено е дека овие вакцини се ефективни дури 80 проценти по единечна доза.

Друга студија ЦДЦ спроведена во домови за стари лица покажа дека вакцините спречуваат сериозни болести и смрт кај најранливата популација. Луѓето постари од 65 години се исто така најтешко погодени од коронавирусот во САД, односно тие сочинуваат 80% од пациентите.

Повеќе од половина од постарата популација досега примиле барем една доза од вакцината, а бројот на смртни случаи и хоспитализации се намалува.

„И тоа е добра вест за ефикасноста на вакцината“, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, но предупреди дека истовремено расте и бројот на хоспитализирани лица на возраст под 50 години.

Пандемскиот замор, подоброто време и олеснувањето на мерките доведоа до зголемување на бројот на заразени.

Некои експерти стравуваат дека ќе започне четвртиот бран на инфекција, што ќе донесе нови, позаразни видови на вирусот.

Иако во САД не се предвидува таква масовна инфекција како што беше досега, „постојат индикации дека падот на бројот на заразени лица забавува и дека е достигнат пикот “, вели Мајкл Ли од универзитетот МИТ.

Мутацијата што се појави во Јужна Африка (ЈАР) е најзагрижувачка, бидејќи дозволува вирусот да го нападне имунитетот посилно отколку неговата основна верзија.

Новиот вид регистриран во Бразил исто така се шири побрзо и се покажа дека може да ги зарази оние кои веќе се заразиле со коронавирус.

Видот од Танзанија ги содржи скоро сите досега познати мутации.

Две нови варијанти се регистрирани во Калифорнија и две во Њујорк, а регистрирани се мутации во Јужна Африка и Бразил.

"Ова е како трка во вооружување. Ќе направиме нови лекови, нови антитела, нови варијанти на вакцини ако вирусот продолжи да мутира", рече професорот Џефри Шаман од универзитетот Колумбија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk