logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНА ОД ПЕТТИ КАТ: Има само една скршена коска

Vecer | 05.05.2021

ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНА ОД ПЕТТИ КАТ: Има само една скршена коска

Тригодишно дете паднало од петтиот кат на една зграда во Њујорк, а целиот настан го снимила надзорната камера. За среќа, момченцето го преживеало падот и поминало со скршена бутна коска.

Ен-би-си Њујорк објави дека малечкиот е од Бронкс и се вика Хозе. Имал Даунов синдром и бил дома со мајка му, сестрата и тетката кога паднало од прозорецотот.

- Тој само нè гледаше изненадено. Не плачеше, рекла тетката која прва истрчала од станот.

Полицискиот оддел во Њујорк соопштил дека инцидентот е класифициран како несреќен случај и нема да биде покренато обвинение. Хозе го скршил бутот и ќе мора да остане во болница еден месец.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=VOKQ1AoHtQQ&t=6s[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk