ТРИ СВАДБИ и 150.000 погреби: Твитер експлодираше по венчавката на Борис Џонсон

Венчавката на Борис Џонсон и Кери Симондс ги запали социјалните мрежи.

Премиерот се ожени со својата вереница во катедралата Вестминстер и настанот се одвиваше во апсолутна тајност, со гости кои во последен момент добија покани, поради што медиумите синоќа дознаа само за венчавката.


Корисниците на Твитер веднаш реагираа шегувајќи се на сметка на младенците кои живеат заедно на Даунинг стрит откако Џонсон стана премиер во 2019 година.


Џонсон (56) и Симондс (33) минатата година објавија дека се вериле и нивниот син Вилфред Лори Николас Џонсон е роден во април 2000 година.


Конзервативниот премиер се најде на удар на критики за неговото справување со кризата со пандемија на коронавирус, а работите станаа уште пожешки откако неговиот поранешен советник Доминик Камингс сведочеше пред парламентарниот комитет обвинувајќи го дека предизвикал илјадници непотребни смртни случаи поради лошо управување со пандемијата .


Џонсон инаку е познат по комплицираниот приватен живот. Поранешниот градоначалник на Лондон во еден момент беше отпуштен од политичкиот тим на Конзервативната партија затоа што лажел за неговата вонбрачна афера.


Тој е разведен двапати и одби да каже колку деца има.

Во меѓувреме, еден свештеник, отец Марк Деу, се појави и се прашуваше зошто на двапати разведениот Џонсон му беше дозволено да се венча во црквата, додека морал да им објасни на своите парохијани дека е „невозможно“ да се ожени по втор пат во Божја куќа.

Иако Џонсон беше во брак двапати, ниту една церемонија не беше католичка, затоа, технички и во очите на Католичката црква, ова е негов прв брак.

Сепак, католиците кои се разведени не можат повторно да стапат во брак во црква, а Џонсон беше крстен како католик, на барање на неговата мајка.