Тоа е тоа

Три можни сценарија околу прогласувањето независност на Каталонија

На прашањето „Дали ќе има прогласување независност?", Раул Ромева, задолжен за надворешни работи во регионалната влада на Каталонија, одговори со противпрашање: Има ли алтернатива?"

Иднината на Каталонија изгледа неизвесна, во пресрет на очекуваниот говор на сепаратистичкиот регионален лидер Карлас Пуџдемон, при што е нејасно дали тој ќе ја исполни својата намера да прогласи независност од Шпанија, коментира ДПА.

Според извори од Каталонската европска демократска партија на Пуџдемон, постојат три можни сценарија: прогласување целосна независност; симболична декларација за независност без непосреден ефект; или воопшто да не биде прогласена независност, туку да повикаат на нови разговори со Мадрид.

Рамо Тремоса, европратеник од партијата на Пуџдемон, изјави денеска за радиото „Онда баска" дека регионалниот каталонски лидер може да го следи примерот на Словенија од 1991 година, која прогласи независност, но ја одложи примената на актот.

На прашањето „Дали ќе има прогласување независност?", Раул Ромева, задолжен за надворешни работи во регионалната влада на Каталонија, одговори со противпрашање: Има ли алтернатива?".

Поврзани

Најнови вести

Коментари