Три безживотни тела се пронајдени денеска на различни локации во Белград.

Според „Телеграф“, првото тело било забележано нешто пред 12 часот на железничката станица во Ресник, веднаш до железничката пруга, и било во фаза на распаѓање. Како што дознава „Телеграф“, се работи за постара личност, а телото е испратено на Институтот за судска медицина.

Еден час подоцна, друго тело, во иста состојба, било пронајдено во стан во Палилула.

Третото тело е пронајдено во стан во Борча, а се работи за маж на 35 години.

 

makfax.com.mk