Африканскиот водител кој го привлече вниманието на американската јавност

Тревор Ноа, африканскиот водител кој и се спротистави на американската влада

Младиот комичар на The Daily Show го привлекува вниманието на американската јавност и изјавува силни критики за претседателот Доналд Трамп!

Американската ТВ индустрија доби свежо лице кое не се плаши да ја искаже вистината за случувањата на американската влада. 

Тревор Ноа, 33 годишниот комичар од Јужно Афричката Република кој доби работно место на престижното Daily Show на Comedy Central привлекува голем дел од вниманието на американската јавност со неговите храбри коментари против американската влада и претседателот Доналд Трамп.

Преку годините може лесно да се види дека Тревор не е голем фан на новиот председател на САД, Доналд Трамп. Често на неговото шоу можете да го видите Тревор како го критикува и го исмејува претседателот поради неговите изјави и смешни коментари по социјалните мрежи. Трамп кој е активен корисник на социјалната мрежа Твитер често ги постира неговите мислења во врска со најактуелните случувања во светот и Америка, но често пати завршува критикуван од јавноста и е патентиран како возрасно дете кое не ја заслужува титулата претседател на САД. Дури и вработените во Белата Куќа ги делат дел од овие мислења со јавноста. 

Во шоуто Тревор многу смешно и креативно ги изјавува сите вести во врска со Доналд Трамп и често пати прави комични скечови со кои ја буди свеста кај јавноста. 

Тревор има и YouTube канал кој може бесплатно да го следите и да уживате во најактуелните политички случувања на многу комичен начин. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари