Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска доколку се трча во природа а во близина нема луѓе?
Како што доаѓа потопло време и процентот на вакцинирани граѓани постепено расте, се повеќе американци поставуваат вакви прашања, пишува Си-Ен-Ен.

„Ако сте вакцинирани, би рекол дека обично немате потреба да носите маска на отворено“, рече вчера д-р. Санџај Гупта за Си-Ен-Ен, бидејќи како што рече е познато дека повеќето вирусни преноси не се случуваат на отворено.

Студија објавена во ноемвриското издание на журналот за заразни болести открива дека шансите за пренесување на вирусот се 18,7 пати поголеми во затворените простории отколку на отворено, а помалку од 10 проценти од испитуваните зарази со Ковид-19 се случиле на отворено.

Ношин Разани, еден од авторите на студијата и вонреден професор по епидемиологија и биостатистика на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, изјави дека реалниот број на случаи на пренесување на заразата на отворено е „веројатно помал“ од 10 проценти.

Тековните упатства од Центрите за контрола и превенција на болести на САД покажуваат дека можеби нема да бидат потребни маски на отворено: „Маските можеби не се потребни ако сте сами надвор, далеку од други луѓе или во друштво на луѓе што живеат во вашето домаќинство. Сепак, не постојат специфични упатства за вакцинираните лица“, велат експертите. Вчера директорот на ЦДЦ, др. Рошел Валенски рече дека агенцијата размислува да ги ревидира упатствата за маските.

Како и кај повеќето дискусии за Ковид-19, доказите за тоа дали е препорачливо да се носат маски на отворено се двосмислени и треба да се засноваат на различни фактори, како што се статусот на вакцинација и стапката на пренесување на инфекцијата во општетсвото.

„Ако сте вакцинирани и не сте во ранлива категорија, веројатно не мора да носите маска на отворено“, рече Линси Мар, специјалист за пренос на вируси во воздухот од Вирџинија Тех.

На невакцинирани луѓе, Мар им препорачува маски во гужви и места каде што се собираат луѓе или решетки. „Ако не сте вакцинирани и постојано одите покрај луѓе толку блиску, можете да ги допирате решетките со рака, е тогаш треба да носите маска“, објасни Мар за Си-Ен-Ен.

 

makfax.com.mk